Штетата на Водно изнесува 853.200,00 денари


Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ ја информираат јавноста дека за настанатите штети во парк шумата Водно, во местото викано „Рупи“, на крајот од месец мај, побараа од Бирото за судски вештачења да ги утврди околностите и висината на штетата којашто е настаната.vodno soncev grad

По добиеното стручно мислење, јавното претпријатие поднесе пријава против физичко лице до Министерството за внатрешни работи.

Од вештаците на теренот е утврдена следната фактичка состојба:

При крајот на мај 2016 година во парк шумата Водно вршени се активности во заштитеното подрачје, кои не се во согласност со планските документи за заштитени подрачја, односно шума со посебна намена, во овој случај парк шума.
Во парк шумата Водно, во местото викано „Рупи“ вршени се градежни земјени работи за пробивање на земјени патишта и зарамнување на одредена површина.
Со извршените земјени работи зафатена е вкупна површина од околу 5.864 квадратни метри, при што е извршено копачење односно отстранување на постојната вегетација, што е во спротивност со законот за шумите и други акти донесени од Градот Скопје.
При вршењето на градежните земјени работи извршено е оштетување и уништување на следната вегетација:

– Стебла од црн бор и стебла од разни листопадни дрвја;

– Природен подмладок од црн бор со старост над 3 години.

Врз основа на правилник за висина на цената за штети во шума (сл. Весник на РМ број 75/2010 год.) вредноста на штетата предизвикана со активностите во заштитеното подрачје, кои не со во согласност со планските документи за заштитеното подрачје, односно шума со посебна намена, во овој случај парк шума Водно, изнесува:

За оштетени стебла од црн бор – 403.200,00 денари;

За оштетени стебла од листопадни дрвја – 90.000,00 денари;

и за оштетен природен подмладок од црн бор – 360.000,00 денари.

Вкупно проценатата штета според стручното вештачење изнесува 853.200,00 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1