Дваесетина минути по полноќ на улицата „Филип Втори“ во Свети Николе во автомеханичарска работилница дошло до експлозија и пожар во подрумскиот дел и приземјето на работилницата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица-Св.Николе.
Увид ќе се врши во текот на денот во присуство на пиротехничар.