Медиумите пренесуваат дека напаѓачот се осветил на работник во администрација од болница така што му го прободел синот.
10 годишното дете било избодено 12 пати со нож од страна на пациентот од кинеската болница, кој бил незадоволен од нивната услужливост бидејќи го избркале од здравствената установа.
Шокантното видео од сигурносните камери во автобусот го прикажува човекот кој го прати малото дете, пред да го нападне со нож во градскиот превоз.
Кинеските медиуми пренесуваат дека Хе (54), му се осветил на вработениот во администрација од болницата така што му го избодел синот.
Детето кое е наводно негов син се вика Конг, а тој се упатил накај училиште. Неколку секунди подоцна, човек облечен во црно извадил нож и го нападнал малото дете.
Преплашените патници веднаш истрчале од автобусот, а на видеото се слушаат силни врисоци. Потоа возачот притрчал за да му помогне на малото дете и да го спаси од сигурна смрт, иако обилно крварелo.