Ова е српскиот глумец кој почина среде представа – само се срушил на сцената


Познатиот глумец Миолорад Мандиќ Манда починал денес попладне на бината среде премиерата на детската представа “Петар Пан”.

Представата почнала нормално и се било во ред првите петнаесет минути, а потоа на сцената излегол Манда во улогата на Капетан Кука каде од еднаш паднал на подот. miodrag manda

– Мислевме дека тоа е дел од представата, а потоа во салата се запалија светлата и сфативме дека нешто не е во ред, изјавила една девојка од публиката.

Збунетата публика не сфатила што се случува кога сопругата на актерот истрчала од публика на сцена а по неа тргнала и актерката Слобода Мичаловиќ која со ќерката ја следела претставата.

– Завесата веднаш се спушти и не замолија да излеземе од салата, а набргу пристигна Брза помош – раскажале дел од луѓето кои биле сведоци на овој немил настан.ж

Брзата помош интервенирала на лице место и му пружила прва помош на актерот. Меѓутоа реанимацијата не успеала, а актерот починал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1