Од 1 јули стапува забраната за увоз на половни возила постари од 10 години


Од 1 јули граѓаните ќе можат да увезат половно возило само со стандард Еуро 4 или повисоко. На овој датум истекува и рокот за увезување на половни возила што се постари од 2005 година.

Граѓаните пак кои купиле половно возило со стандард Еуро 3 имаат рок до 30-ти јуни да ја платат царината и да ги завршат сите увозните процедури.vozila-564x272

Рокот за хомологација засега е неограничен.

Во првите четири месеци од годинава, според податоците на Царинската управа се увезени 9.500 возила, односно скоро двојно повеќе од истиот период лани.

Од 2009 година кога се донесоа мерки за увоз на половни возила се увезени 212.000 половни возила. Вкупниот увоз на возила во овој период е над 272.000 возила.

Најмногу стари коли, 51.399 влегле во 2010 година, првата година кога беше либерализиран увозот.

Одлуката за ограничување на увозот која имаше одложено дејство беше донесена уште во 2013 година, на барање на импортерите на нови возила кои тврдеа дека ниските Еуро стандарди се едни од главните предизвикувачи на зимската загаденост на воздухот.
Авто салоните неодамна побараа и дополнително ограничување на увозот – забрана за увоз на возила и со Еуро 4 стандард односно постари од 2009 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1