Откако во Србија е објавено дека се продаваат опасни банани од американската компанија „Dole“ инспекциите во БиХ почнаа со барање на овие банани и на нивниот пазар.
Како што е потврдено од Агенцијата за сигурност на храната во БиХ, тие не добиле потврда дека овие опасни банани дека истите можат да се купат во БиХ.
„Досега не сме известени дека на пазарот на БиХ се наоѓаат здравствено несправни банани. Резултатите од лабораториските анализи на храна, се едниствен релевантен показател за исправноста на храната, така да треба да почекаме уште малку за прецизни податоци“, велат од Агенцијата за сигурност на храната.
Но, никој не може да гарантира дека овие банани не се увезени во нашата земја, а компанијата „Dole“ на своите плантажи во светот користат исклучиво токсичен пестицид, кој кај луѓето може да предизвика рак, стерилитет, астма и деформитет кај новороденчињата. „Според нашите показатели, здравствената исправност на храната во БиХ е во склоп со состојбата во другите земји од нашето опкружување, како и кај земјите од ЕУ кои вршат проценка на ризикот“, велат од Агенцијата за безбедност на храната.