“САД ѝ се благодарни на владата на Црна Гора поради подготвеноста да ги поддржи напорите на САД да го затвори притворскиот објект Гвантанамо”, стои во соопштението од Пентагон.
Поранешниот телохоранител на лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен, ќе биде префрлен од затворот во Гвантанамо во Црна Гора, со што бројот на затвореници во тој воен затвор ќе се намали на 79, соопштил Пентагон.
“САД ѝ се благодарни на владата на Црна Гора поради подготвеноста да ги поддржи напорите на САД да го затвори притворскиот објект Гвантанамо”, стои во соопштението од Пентагон, пренесува AP.
Префрлањето на Абдел Малик Ахмед Абдел Вахаб ал-Рахаби, кој во Гвантанамо е од јануари 2002. година, го препорачале шест агенции и одделенија на американската влада, соопштил Пентагон, пренесува Telegraf.rs.
Уапсен бил во декември 2001. година во група со 31 припадник на Ал Каеда.
Во затворот од неговата отворање, нешто по американската инвазија на Авганистан кон крајот на 2001. година, престојувале 780 затвореници.
Tocka.com.mk