Бил загрижен, пречуствувал – што му се случувало на Претседателот Трајковски пред смртта


Денеска се навршуваат 60 години од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. делегација од општина Бутел ќе положи цвеќе, како и сите основни училишта од општината, повеќе невладини организации и здруженија на граѓани, како и членови од семејството Трајковски.

Boris-Trajkovski-630x418Од Алејата на великаните ќе полетаат шеесет гулаби, кои над македонското небо ќе ја понеса пораката за мир, за кој секогаш се залагаше претседателот Борис Трајковски.

Последните две-три недели од животот, а особено последните неколку дена, претседателот Трајковски бил некако отсутен, загрижен и тажен, без неговата препознатлива насмевка.

Претседателот Трајковски ја читал Библијата и ноќта пред да замине за Мостар.

– Три дена по авионската несреќа Сара ја видела Библијата на масичката во спалната. Се сетив дека Борис ја читаше пред да заспие. Ќерката дојде плачејќи и ми покажа дека татко ѝ последната ноќ од својот живот го читал и го обележил шеесет и четвртиот псалм. Во тој псалм пишува: „Послушај го, Боже, гласот на мојата жалба, чувај ми го животот од страшен непријател. Штити ме од множество лукави, скриј ме од бесот на злодејците, кои ги острат јазиците како мечеви; исфрлаат отровни зборови како стрели за да го ранат потајно невиниот, за да го ранат одненадеж, не плашејќи се од ништо. Подготвени се за пакосно дело, смислувајќи како да постават крадум стапици, и зборуваат: кој ќе нѐ види“. Изјави во едено интервју сопругата на Трајковски, Вилма.

Boris-i-Vilma.jpg2

Неколкупати забележав дека гледа во една точка и ништо не зборува, чиниш не слуша. На лицето му се гледаше загриженост, иако се трудеше тоа да го скрие од нас. вторникот вечерта на 24 февруари ми се јави од кабинетот, каде што често остануваше до доцна во ноќта, за да ме праша дали би сакала да одам со него на карневалот во Струмица. Се извини што заборавил порано да ми каже. По гласот почувствував дека е преморен. За жал, јас веќе имав договорено некои обврски со синот, не можев да ги откажам, во Струмица беше Сара со другарките. Ноќта, влегувајќи во градот, веднаш ѝ се јавил по телефон. Ја прашал каде е, сакал да ја види. Таа му рекла дека е далеку од свечената ложа, дека има многу народ и дека ќе му треба многу време за да се пробие со обезбедувањето до неа. Не успеале да се видат.

По завршувањето на карневалот, Борис со преостанатите гости заминал на прием во хотелот „Сириус“. По извесно време, одеднаш станал и рекол дека ќе оди дома, да го види татко си. Луѓето од обезбедувањето биле збунети; било доцна. Набрзо стигнале дома; Борис го разбудил татко си и му рекол: „Тате, дојдов само да те видам“. Потоа малку поразговарале, го гушнал и си заминал. Бог знае зошто токму таа ноќ почувствувал потреба да го види.

trajkovski kinger-Ноќта во средата, ноќта пред утрото предвидено за полетување за Мостар, остана на работа до 22.30 часот. Кога си дојде дома, децата веќе спиеја. Тој речиси до полноќ разговараше по телефон. Не знам колку беше часот кога Сара се разбуди и се симна долу. Таа вели дека засекогаш ќе ја помни последната слика на татко си: тој во бела кошула и вратоврска седи крај масичката со телефонот и разговара.  го гушна татко си, го погледна и му рече: „Тато, ти многу се промени; ми изгледаш остарено“. Борис ме погледна мене, како да сакаше да каже: „Зарем навистина сум остарен?“. Имаше само 48 години. Сара и сега многу тагува; не може да сфати зошто му го кажала токму тоа и токму во последната ноќ од неговиот живот.

Заедно со претседателот загинаа и советниците од неговиот кабинет Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска, дипломатот од МНР, Миле Крстевски, членовите на обезбедувањето Борис Велинов и Аце Божиновски, како и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1