Трагедија: Македонец починал од маларија од Африка


Маж почина од маларија. Пред два месеци со симптоми на тешкото заболување, во Македонија му била потврдено дека болеста е од комарец, што предизвикува маларија. Болниот бил на работа во Африка каде се разболел, пренесе Канал 5.

Доктор Караџоски од Институтот за јавно здравје објаснува дека во Македонија маларија нема.Komarac-te-3

-Во Македонија нема маларија, туку сите случаи се увозни што значи заболените биле во земји каде ја има маларијата. Најчесто работат на нафтени платформи или прашуми. Кај нас болниот се хоспитализира така да не може да се пренесе каснување од комарец од заболен, вели д­р. Жарко Караџоски .

Докторите со порака сите оние кои одат во земји каде има вакви заболувања, задолжително да се информираат во центрите за јавно здравје за потребни вакцини, бидејќи некои болести завршуваат со смрт.

-Никој од нив не бил заштитен со терапија, пред да заминат. Секој кој оди во вакви земји треба во центрите за јавно здравје да се информира дали и какви заболувања има, како да се заштитат, како да ја земат терапијата, вели др. Караџоски за телевизијата.

Во 2016 година од Македонија тројца луѓе се со маларија што ја добиле додека работеле во африканските земји, пренесе Канал 5.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1