Познатата британска актерка Каролина Херн (52) почина во својот дом во Тимперлеј по долга и тешка болест во 52-та година од животот.
Каролина Херн, добитничката на признанието БАФТА и актерка најпозната по својот перформанс во серијата „Кралското семејство“, за жал, почина губејќи ја битката со карциномот. Семејството моли за приватност во овој тажен период – рекол нејзиниот публицист Нил Ридинг.
Херн боледувала од рак на грлото, а на почетокот на оваа година морала и да направи пауза во кариерата поради лекувањето. Таа во 2014 година објавила дека по третпат во животот се бори со рак.
Социјалните мрежи се полни со пораки со сочувства кои пристигнуваат од сите страни, како од нејзините колеги така и од обожавателите.