Муслиманите од Македонија го слават Рамазан Бајрам


Во утринските часови, во мир и тишина во Мустафа-пашината џамија, верниците од исламска вероисповед, го чествуваа Рамазан Бајрам, еден од двата големи муслимански празници, кој го одбележува крајот на едниот од посебните месеци во исламот. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на објава на Куранот.Рамазан се смета како еден од петте столба на исламот, останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. ramazan3

По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се одржа утринска Бајрам-намаз молитва.

За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.

Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување.
Во текот на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1