Американскиот претседател, Барак Обама (54), вчера ги изненадил гостите во Белата куќа кога на својата ќерка Малија (18) ѝ ја запеал песната „Среќен роденден“.
Постарата ќерка на Обама е родена на големиот американски празник, Денот на независноста, а нејзиниот татко сакал да ја израдува.
Барак и неговата сопруга Мишел сакале да организiраат забава по повод 4-ти јули на Саут Лоун, но поради дождот забавата ја преместиле во Белата куќа.
– Бидејќи работата на татковците е да ги посрамотиваат своите ќерки, јас имам последен збор – изјавил Обама и почнал да пее додека публиката аплаудирала.
Малија оваа година заврши средно училиште и ќе тргне по стапките на својот татко бидејќи ќе се запише на Универзитетот Харвард, но следната година.
На забавата по повод роденденот на Малија и празникот, присуствувале семејствата на војниците и воените херои.
– Важно е луѓето да се потсетат колку е чудесна Америка. Треба да ја славиме својата слобода и да правиме сè за да им оддадеме почест на оние кои заслужиле и се жртвувале за оваа земја и нејзината слобода – изјавил Обмаа.