Писториус осуден на шест години затвор


Параолимпиецот од Јужна Африка, Оскар Писториус, е осуден на шестгодишна затворска казна поради убиството на својата девојка Рива Стенкамп.oscar-pistorius-4_2480631b

Оскар Писториус ја застрела својата девојка на Денот на вљубените во 2013 година. Атлетичарот во неа истрелал повеќе куршуми.

За време на истрагата и пред судот, Писториус се бранеше со изјавата дека мислел оти Стенкамп спие во креветот, а дека во бањата има крадец.

Судијката Токозиле Масипа, по донесувањето на пресудата, рекла дека постојат суштински причини поради кои атлетичарот не добил максимална казна затвор од 15 години, наведувајќи дека фактор била и погрешната процена на Писториус, односно дека тој немал намера да ја убие својата девојка.oskar

Масипа по донесувањето на пресудата ја напуштила судницата, но рекла дека повторно ќе ѝ биде достапна на јавноста кога ќе се разгледува жалбата, која се очекува да биде поднесена до крајот на денот.

Инаку Писториус пред да добие дозвола да се брани од слобода, десет месеци мина во затвор. Тој првично беше осуден на пет години за убиство од негрижа, но Апелациониот суд ја оспори пресудата и го осуди за убиство.

Подоцна Уставниот суд на Јужна Африка ја одби жалбата на Писториус на пресудата за убиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1