Татко го прегазил едно и полгодишниот син, кога автомобилот што го паркирал во дворот почнал да се движи во рикверц.
Родителот за кратко време го оставил автомобилот со неизгаснат мотор во дворот на семејната куќа, не ни помислувајќи што може да се случи. Кога се вратил назад веќе било предоцна.
Тој го забележал повреденото дете на улицата, по што веднаш го однел во болница. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но по неколку часа ја изгубиле битката за неговиот живот. Телото на починатото дете е предадено на обдукција.