Најстарите близнаци во светот, Питер и Паулус Лангерок од Белгија, вчера наполнија 103 години, наздравувајќи со чаша вино за својот долг заеднички живот.
Браќата никогаш не се женеле и живееле заедно најголем дел од времето. Речиси се нераздвојни и делат соба во дом за стари лица во близина на Гент.
Иако понекогаш жалат што немаат деца и внуци, истакнуваат дека еден на друг се најдобри пријатели, а роденденот го прославија со црно француско вино. Зад нив се долги кариери на судии.
Елеганто облечените 100-годишници зборуваат француски и сакаат да ги нарекуваат Пјер и Пол.