При претрес на домови на 24 локации, од кои 11 на подрачјето на Велес, четири во Скопје, три во Свети Николе, две во Кочани и по еден на подрачјата на Штип, Кавадарци, Гевгелија и Струга, во полициската акција „Лотус“ која траеше до рано утрото, биле пронајдени и одземени околу 5500 евра, околу 100 грама хероин, 160 грама смеса од кофеин и парацетамол, ваги, како и паковки хероин и марихуана спремни за продажба.
Четириесетгодишен велешанец, кој е организатор, од засега непознати лица набавувал хероин и марихуана кои во својот дом ги препакувал во помали количини и по претходен телефонски договор ги продавал на дилери и уживатели на дроги на договорени средби во повеќе градови и тоа за цена од околу 1.000 денари за грам хероин и 500 денари за паковка марихуана.
Тој крајот на 2015 и почетокот на 2016 година организирал мрежа на препродавачи и посредници при што ангажирал уште тројца велешани да продаваат хероин и марихуана, кои дел од од заработката ја задржувале за себе, а поголемиот дел му ја носеле на велшанецот, кој е и првоосомничен
„Освен денешните претреси во претходниот период беа реализирани уште два случаи на недозволена трговија со наркотични дроги во кои беа запленети скоро 30 килограми марихуана, 40 паковки хероин и уште 7 паковки марихуана во рамки на акцијата. Исто така беа поднесени 14 кривични пријави против 20 од лицата, кај кои е пронајдена помала количина наркотична дрога, одземени беа четири ПМВ и два мотори, а во периодот од воспоставување на оперативната акција до денес, изречени се прекршочни санкции во висина од 14.000 евра“, соопшти МВР.