Фризерот на францускиот претседател Франоса Оланд (62) заработува бруто плата од 9.895 евра, открива во денешното издание неделникот „Канар аншене“.
Фризерот кој неделникот го нарекол Оливие Б. , во мај 2012 година потпишал петгодишен договор со шефот на персоналот на претседателот Оланд , пренесува агенцијата „Франс прес“.
Во текот на траењето на претседателскиот мандат, кој се завршува во 2017 година, фризерот на Оланд ќе заработи бруто плата во износ поголем од 590.000 евра.
Францускиот неделник наведува дека фризерот редовно го следи Оланд во текот на неговите патувања.
– Господин Б. се обврза на дискреција во текот и по истекувањето на неговиот договор, за работата која ја извршувал и информациите до кои имал пристап – пишува „Канар аншене“.