Њујорк апелира на претпазливост, Италија го заостри контролите кон Франција по нападот во Ница


Полицијата на американската метропола Њујорк ги повикува жителите преку социјалните мрежи и медиумите да бидат претпазливи по терористичкиот напад со најмалку 73 жртви во францускиот град Ница, а италијанските власти веднаш по нападот воведоа строги гранични контроли во врска со трагедијата во соседна Франција.policija nica

Според агенцијата Ansa, полицијата ноќта кон петокот започнала со проверка на сите возила без исклучок во Италија влегуваат од територијата на Франција. А автопатот кој води од францускиот Азурен брег на Италијанската ривиера, во близина на градот Вентамиља се врши детална проверка на автомобилите, пренесува телевизијата RaiNews 24.

Министерството за надворешни работи на Италија отвори директна телефонска линија, на која може да се јавуваат италијанските државјани кои во моментот на нападот се нашле во Ница или се повредени. Покрај тоа, активиран е и Кризниот центар, кој веднаш во врска со трагедијата ги повика сонародниците да се избегне движење по градот Ница и да се следат упатствата на локалните власти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1