Мартија Станојковиќ од Куманово, 12-годишната финалистка на шоуто „Пинкови ѕвездички“ во силна конкуренција е избрана да ја претставува Република Македонија на детската „Евровизија“ годинава.
Oва беше соопштено денеска од страна на Македонската радио-телевизија, која ја поседува лиценцата за учество.
Натпреварувањето ќе се одржи по 14. пат, oвојпат на 20 ноември во Ла Валета, Малта.