Британскиот принц Хари се кае што порано не зборувал за последиците коишто смртта на неговата мајка, принцезата Дијана, ги оставила на него.
Петти во низата за наследник на британскиот трон, 31-годишниот Хари изјавил дека до својата 28-ма година воопшто не сакал да зборува на темата мајчината смрт, пренесува „Ројтерс“.
– Во ред е да страдаш, но мора да зборувате за тоа, бидејќи тоа не е слабост. Слабост е да имате проблем, а да го избегнувате и да не го решавате – рекол помладиот син на принцот Чарлс и починатата леди Дијана.
Внукот на кралицата Елизабета Втора за мајка си минатата недела организираше добротворна забава за лицата со ментални пречки во развојот, на која присуствуваа многу британски спортисти.
Принцот Хари смета дека ској може да има ментални проблеми, без оглед на тоа дали е член на кралското семејство, војник или спортист.
Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа во 1997 година во Париз, кога Хари имаше 12, а неговиот постар брат принцот Вилијам 15 години.