Тештата на Берни Еклстон, 67-годишната Апаресида Шанк во Бразил ја киднапирле вооружени мажи кои се претворале дека се доставувачи, јави „Дејли мејл“.
Тештата на Еклстон, мајка на неговата сопруга Фабиана Флоси, е киднапирана пред нејзиниот дом во Сао Паоло откако на измама ја отворила влезната врата.
Соседите тврдат дека киднаперите носеле лажни пакети и дека на Апаресида ѝ се заканиле со нож пред да ја одведат во автомобил.
Киднаперите бараат 36,7 милиони долари за откуп и наводно се во контакт со семејството Еклстон.