Пријател го наместил: Пилотот на Берни Еклстон му ја киднапирал тештата?!


Пилотот Хорхе Еурико да Силва Фарија, повеќегодишен пријател на Берни, е еден од тројцата мажи уапсени поради вмешаност во киднапирањето на тештата.berni eklston formula 1

Киднапирањето на тештата на првиот човек на Формула 1 Берни Еклстон наводно го планирал еден од неговите пилоти на хеликоптерот, соопшти денеска полцијата на Сао Паоло.

Во соопштението се наведува дека пилотот Хорхе да Силва Фарија до 2014 година го одржувал и возел хеликоптерот за бизниси на Еклстон, но често работел за него во Бразил.eklston

Пилотот е меѓу тројцата уапсени по повод киднапирањето на 67-годишната Апаресида Шунк. Мајката на сопругата на Берни, Фабијана Флоси беше киднапирана на 22 јули од својата куќа во Сао Паоло.

Полицијата ја пронајде Апаресида врзана, но неповредна и за неа не беше платен бараниот откуп од 36,7 милиони долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1