Младена Ковачевиќ, стјуардеса од Хрватска, била една 18 членови посада на авионот на Емиратите, кој во средата околу 13 часот присилно слетал на Меѓународниот аеродром во Дубаи и се запалил.
Таа заедно со остатокот од екипажот го активирала тобоганот за евакуација во вонредни околности и успешно евакуирала 282 патника. Емиратите објавиле дека ниту еден патник или член на екипажот не е повреден и сите се згрижени на време.
-Сите сме сигруни и неповредени. Успеавме да избегаме на време и да ги евакуираме сите од авионот, без жртви – објавила Младена Ковачевиќ на својот Фејсбук профил.
-Ви благодарам на силните пораки, ве сакам и идам да ја прославам новата шанса за живот која ја добив. Се чувствувам како повторно родена, ама буквално! Изгледа се уште не е време да одам – напишала Младена.