ОВА МЕСТО МОРА ДА ГО ПОСЕТИТЕ: ДЕНЕС е Света Ана


Православната црква утре го празнува успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија.

По тој повод христијаните од цела Македонија го посетуваат манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта, Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер.sv ana3

Постои верување поврзано со манастирот Света Ана кое вели дека манастирот има чудотворна моќ да дава пород. Брачните парови кои имаат проблеми со формирањето на семејство, на 6–ти наспроти 7–ми август треба да преспијат во просториите на црквата Света Ана. А таа ќе ги слушне и исполни нивните молитви и ќе ги успокои и израдува нивните души.

Мештаните раскажуваат за многу брачни парови кои немале деца, но по посетата на манастирот добиле пород и благодарни, секогаш доаѓале на славата на манастирот.

Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука и тука е од памтивек.

Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост.

Pindzur.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1