Како што информира полицијата, на 19.08.2016 година во 18:20 часот во полициската станица-Гостивар, 33 годишно лице од Гостивар, пријавил дека на 18.08.2016 година околу 13:00 часот бил извршен полов напад над неговата 4 годишна ќерка, од страна на Д.В. (1952) од Гостивар.
Монструмот откако го повикал девојчето во неговиот дом да го види аквариумот кој го поседувал, и рекол да му седне во скут, по што извршил полови дејствија врз девојчето. Во тој момент девојчето било повикано од страна на родителите, по што ја напуштила куќата.
Од страна на ЈО на Д.В. му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа и истиот е спроведен во КПУ-Тетово.