Британец го препозна својот син меѓу децата – егзекутори од снимката на ИСИС!


Исламската држава објави снимка на која се прикажани пет момчиња како убиваат курдски војници, а еден Британец меѓу нив го препозна својот син.

Британецот кој сакал да остане анонимен од безбедносни причини, на медиумите им изјавил дека на снимката го препознал својот 12 годишен син Џорџо, кој не го видел 3 години!deca-640x335

Тој навел дека детето го добил во врската со една од најбараните терористки Сели Џонс во 2004 година, од која бргу по раѓањето на детето се разделил.

Таа подоцна поминала во Исламот, а во 2013 година се омажила со регрут на Исламската држава и заедно со него и со детето заминала во Сирија. Се верува дека нејзиниот сопруг загинал во напад со дрон минатата година – пренесува Б92.

Таткото на момчето вели дека бил запрепастен кога го видел својот син како убива курдски војник со пиштол. Тој додал дека детето, кога го видел последен пат, изгледало нормално, но дека „мајка му му го испрала мозокот“.

Сели Џонс сега живее под името Сакинах Хусеин, и регрутира девојки кои сакаат да станат џихадистички невести. Таа на твитер објавува и закани со терористички напади во Лондон.

Децата на снимката која ја објави ИСИС се на возраст од 10 до 13 години. Еден од нив, кој се претставува како Абу Абдула ал Британи, е Британец…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1