ФОТО: Ова е авионот кој падна близу Велес, бил сопственост на Авиоклубот Тревизо од Италија


Авионот Пајпер Сенека 2, кој попладнево исчезна при слетување на Скопскиот аеродром е сопственост на Авиоклубот Тревизо. Авионот е регистриран во Германија. Според официјалната веб страница на авиоклубот, авионот е со капацитет од 6 патници,Piper-2-670x454

Изнајмувањето на овој авион, според тарифата на веб страницата на сопственикот е 500 евра за час летање.

Од МВР потврдија дела леталото исчезнало од радарот при слетување на Скопскиот аеродром во 17.40 часот на 10 километри во правец кон југ, што е вообичаена рута за слетување на аеродромот Александар Велики.

Се оперираше со бројката од 6 патници, но се уште нема официјална потврда колкумина биле во авионот што исчезна на приодот кон Скопје.

Според првичните информации авионот полетал од Тревизо, Италија и побарал дозвола за слетување во Скопје за дополна на гориво.

МВР вели дека според првичните информации дека авионот паднал во близина на селото Ветерско, Велешко. Падот го пријавиле мештаните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1