Штом беа истакнати македонските знамиња, радикалната навивачка група од Косово, позната како „Плисат“почна да довикува кон делот каде беа сместени македонските навивачи, а за кратко време почнаа да фрлаат и со пиротехничките средства.
Фрлањето предмети беше проследено и со скандирања УЧК.
Инцидентот се случи на почетокот од натпреварот Албанија и Македонија, кога групата македонски навивачи на оградата од стадионот ги истакна македонските национални обележја, како и сонцето од Кутлеш.
Албанската полиција побара од македонските навивачи да ги повлечат знамињата. Големата физичка разделеност меѓу трибините не дозволи поголем инцидент.
Perplasja mes tifozeve ne ndeshjen Shqiperi… by PanoramaVideo