Обидот за убиство и самоубиство на Церак кога С.Џ. (45) пукал во поранешната девојка Ј.Д. присуствувал и еден маж кој го шетал внукот од петипол години, а кој тврди дека е единствен сведок на овој злочин. Во изјавата за Телеграф, мажот кој сакал да остане анонимен, открил што точно се случило на Улицата Виноградски венец број 36.
„Со внукот шетав по улицата, а во пресрет ни идеа маж и жена кој не се расправаа. Во еден момент застанаа и тогаш се слушна пукањето. Мажот во жената пукаше два, три пати а таа испушти врисок и падна на земја. После неколку секунди успeа да стане и да потрча кај зградата во која живее. Напаѓачот не се стрча кон неа, остана да стои на место на кое потоа пукаше во себе и падна на земја. Мојата внук сето тоа го виде и сеуште е во шок“, изјави за Телеграф очевидецот од лице место кој сакал да остане анонимен.
Според непотврдените информации Ј.Д. во бројот 36 живее со мајката и ќерката, а по занимање е фризерка.
Погледнете ги видео снимките од лице место.