Откажана е скопската премиера за вечерва на филмот „Ослободувањето на Скопје“ бидејќи поради попладневниот земјотрес се оштетил и паднал дел од плафонот во Киното Милениум, соопштуваат од продукцијата на филмот.
Скопската проекција беше закажана за 20 часот вечерва, а гостин требаше да биде Раде Шербеџија. Филмот вчера за прв пат се прикажа во Битола во рамки на филмскиот фестивал „Манаки“.