Во интервјуто објавено во неделата во шпанскиот весник Ел Мундо, мајката на Мохамед Ате, еден од главните сторители на самоубиствените напади на 11 септември, тврди дека синот и е уште жив и дека во САД го држат во Гвантанамo.
„Тој е жив и му ја испраќам оваа порака. Верувам дека се наоѓа во Гвантанамo. Мојот син, сакам да го видам пред да умрам. Имам 74 години и живеам во надеж дека преживеал. Знам дека никогаш не си сторил никакво зло и дека никогаш не би можел да го направиш она за што те обвинуваат“, изјавила Ботаина Мохамед Мустафа Шераки.
Египјанинот Мохамад Ата се урнал со првиот заложнички авион Боинг 767 Американ Ерлајнс, во северната кула од Светскиот трговски центар во Њујорк. „Тие го планирале тој напад за да ја прошират идејата дека исламот е тероризам. Избрале луѓе кои имале пасоши за да ги обвинат, а истовремено и нашата земја и ја поделија“, додала по телефон од Каиро каде живее со двете ќерки. Тоа е нејзиното прво интервју до медиумите од нападите на 11 септември. Ата е роден 1968 година во Каиро, студирал на Техничкиот универзитето во Хамбург.
Неговото семејство упорно порекнува дека тој бил еден од сторителите на нападот и тврди дека е уште жив. Неговиот татко Мохамед ел Амир Ата адвокат починал во 2008 година и ја отфрли секоја помисла да неговиот син би можел да биде вплеткан во тие напади и дури тврдел дека по нападите го повикал од неидентификуван телефон.
Во нападите на 11 септември 2001 година загинаа речиси 3000 луѓе. Ги сторија екстремисти од Ал Каеда со киднапирање на авионот кој се залетале во кулите од Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон кај Вашингтон, додека третиот паднал во селото Шенксвил во Пенсилванија.