Во колективната меморија на многу наши сограѓани е врежан стравот и сеќавањата на катастрофалната поплава од есента 1962 кога по масивните врнежи се излила реката Вардар за да летото 1963 година Скопје го погоди катастрофален земјотрес разурнувајќи 80% од градот.
Во светските научни кругови ретки се научниците кои можат да застанат зад тврдењата дека поплавите и земјотресите имаат некаква поврзаност.
Dr. Shimon Wdowinski од универзитетот во Мајами кој за „National Geographic News“ во еден текст од 2011 година тврди дека во одредени случаи масивните врнежи предизвикуваат масивни земјотреси и за тоа наоѓа статистичка поврзаност во повеќе случаи каде масивни дождови биле претходница на масивни земјотреси и тоа во период од неколку месеци па до неколку години после поплавите.
enauka.mk