Во скопско по земјотресот потече црвена вода од чешмите – безбедна ли е водата по земјотресите?


По серијата земјотреси во скопскиот регион, дел од граѓаните се пожалија дека од нивните чешми тече кафена вода.voda-zagadena

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како од чешма тече црвена вода. Ова видео е направено во Стденичани, а мештаните велат дека оваа појава се случила по земјотресот во 15.10 часот.

На оваа тема, ТВ Нова ги консултираше надлежните, од каде што велат дека нема простор за паника.

Редовно се врши контрола на исправностаа на водата во центарот за санитарна контрола на ЈП Водовод.

Иако на социјалните мрежи се појавија и видео снимки од црвена и заматена вода по вчерашниот земјотрес, сепак, од центарот велат дека водата контролирана од утринава е безбедна за пиење.

Директорката Катерина Димовска вели дека ова не е невообичаена појава по земјотрес и може да се должи на заматувањето на изворите или од градските чешми да се должи на корозијата од самата цевка.

„Нема простор за паника, исто како и претходно и денеска се врши проверка на квалитетот на водата. Во случај на земјотреси можно е поради тектонското поместување на земјиштето да дојде до заматување на водите. Земен е примерок, па од она што засега е познато сè е во ред – водата е санитарно исправна“, вели Катерина Димовска, директор на Центарот за санитарија.voda-zagadena3

Таа додаде дека во план е денеска да се извршат проверки на територијата на целото Скопје и околината со цел да се види дали има некакви последици, но како што рече, првичните резултати покажаа дека се е во ред.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1