Маж влета со автомобил на плоштадот „Св. Петар“ и побара средба со папата


Маж со психички проблеми доцна синоќа со својот автомобил ги пробил заштитните огради на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан и удрил во полициски контролен пункт, по што побарал да биде примен од папата Франциско, јави ДПА.2f297a6c00000578-3350730-image-a-14_1449571331196_2016917125921

Италијанската полиција соопшти дека го привела 64-годишниот „психички нестабилен“ маж, кој по пробивањето на оградата и ударот во полицксикиот пинкт, излегол од автомобилот и видно возбуден почнал да вика: „Сакам да се видам со папата“.

Веднаш по приведувањето мажот бил пренесен во една од бликсите болници.

Поради стравувања од можни терористички напади, италијанската полиција од неодамна ги засили безбедносните мерки околу Ватикан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1