Фатен познат скопски „џепарош“- украл паричник од патник во ЈСП, па на банкомат си вадел пари


СВР-Скопје, Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција-Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против С.И.(35) од Скопје поради постоење основано сомнение дека извршил две кривични дела и тоа едно кривично дело „кражба“ (џепна) и едно кривично дело „навлегување во компјутерски систем“ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 31.000 денари, за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.djeparos

Пријавениот И.С. на 12 јули годинава во претпладневните часови, во автобус на ЈСП број 9 кој се обраќал на релација од Топанско Поле кон Бит Пазар, поточно од автобуската постојка на улица „Цветан Димов“ до автобуската постојка кај Бит Пазар, искористувајќи ја гужвата и невниманието на оштетениот, од предниот џеб од панталоните му го украл паричникот во кој имало лична карта, трансакциска сметка, банкарски картички од повеќе банки, електронска картичка од ЈСП и околу 490 денари. По извршеното кривично дело пријавениот во паричникот ги пронашол пиновите од две банкарски картички, и од банкоматот на Халк банка АД Скопје лоциран во Старата скопска чаршија извршил осум успешни трансакции при што подигнал вкупно 30.000 денари.

Од страна на полициски службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, превземени се мерки и активности при што врз основа на претходно поднесено барање од Халк банка АД Скопје подигнато е едно ЦД со снимен видео запис од безбедносните камери на нивниот банкомат во времето на подигање на парите и листинг со точното време на подигнување на парите од банкоматот.

Од добиеното ЦД од страна на ЕУМНА при СВР Скопје изготвен е фото албум. Врз основа на претходно добиена наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје, на 27 септември 2016 година бил извршен претрес во домот на пријавениот И.С. при што не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела. По извршениот претрес пријавениот бил приведен во ПС ОН Бит Пазар и со него бил извршен разговор.

Инаку И.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје поднесени му се пет кривични пријави за сторени кривични дела „разбојништво“, „тешка кражба“ и „кражба“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1