Американскиот претседател Барак Обама изјави дека тој и неговото семејство ќе останат во Вашингтон и по завршување на неговиот претседателски мандат во јануари, поради училишните обврски на неговата помлада ќерка Саша.
Обама и неговата сопруга Мишел ќе се вселат во луксузната куќа од 8 илјади квадратни метри.
На Обама иако му било многу тешко да се одлучи помеѓу петте понудени домови, сепак тој се одлучил за домот со девет спални соби, осум тоалети, неколку дневни соби, како и ликсузен базен.
Куќата во која треба да се всели Обама по завршување на претседателскиот мандат е изграденa во 1928 година и е вреднa 6,3 милиони долари.