Во сообраќајна несреќа вечерва на регионалниот пат Пехчево – Делчево почина пешак на 44-годишна возраст.
Несреќата се случила во 20:15 часот, а покрај пешакот во сообраќајката учествувал автомобил марка „тојота“ со бугарски регистарски таблички, управуван од П.И (45) од Делчево, изјавиле од полицијата за Телеграф.
Возилото удрило во пешакот кој починал на лице место.
Сообраќајот до 22:05 часот беше во прекин, сега веќе се одвива нормално. Увидот на полицијата е во тек.