Терористот кој и избега на Германската полиција е исклучително опасен


Германската полиција се уште трага по четвртиот осомничен за планирање терористички напад во Германија кој што вчера во градот Хемниц успеал да побегне неколку минути пред полицајците кои што го забележале, но не успеале да го фатат.

Германската полиција и експертите за безбедност предупредуваат дека Сириецот Џабер Ал Бакр претставува опасност затоа што властите немаат информации каде е заминат ниту што носи со него, алудирајќи дека можно е Ал Бакр да има со себе оружје или експлозив.133379483-81058

Експертот за тероризам Елмар Тевесен во изјава за телевизијата ЦДФ вели дека „ Ал Бакр е во бегство, и фактот што нема што да загуби го прави особено опасен“, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Тевесен се сомнева дека експлзивот кој што бил пронајден во станот на Ал Бакр е „ацетон пероксид„ (ТАТП) кој што бил употребен и во нападите во Париз и Брисел а кој што го произведуваат малку компании во светот.

Ал Бакр кој лани во Германија се регистрирал како бегалец неколку месеци бил под присмотра на германските безбедносни агенции кои што предходно од оперативни причини не сакале да ја потврдат информацијата, јавува „Фокус онлајн“.

Засега полицијата нема информации каде се крие 22-годишниот терорист, поради што се засилени безбедносните мерки на повеќе локации а за опасноста се информирани и берлинските аеродроми.

Полицијата во Заксен објави нова фотографија на која Ал Бакр е снимен неколку минути пред полициската акција потврдува портпаролот на покраинската полицијата Том Бернхард кој информира дека бегалецот со себе носи и ранец.

Двајца од тројцата уапсени во операцијата за спречување на терористички напад кои вчера беа уапсени на градскиот стадион во Хемниц и во зградата каде што жто живеел Ал Бакр се пуштени на слобода а за третиот постојат индиции дека му помагал на избеганиот осомничен терорист.

Досега околу 80 граѓани се јавиле по повикот на германските власти сите што имаат некакви информации да ги поделат со полицијата, јавува весникот „Билд“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1