Мартија Станојковиќ од Куманово е нашата преставничка на овогодиниешното издание на изборот за песна на Детската Евровизија.
Малата Мартија се прослави во српското талент шоу „ПинМакови Ѕвездички“ каде буквално го маѓепсуваше не само жирито, туку и целата публика во студиото, но и пред малите екраните. Прекрасниот глас и енергијата со која освојува и даде можност родната земја да ја претставува на Евровизија.
Песната се вика “Love will lead our way”, за која е промовиран и видео запис, но истите нема да можат да се промовираат на македонските радија и телевизии. Причината е јасна – забраната од ЗАМП за емитување на македонска музика.
Мартија во песната пее на македонски и на англиски јазик, а како звучи нејзината евровизиска песна, погледнете во продолжение и уживајте.