Роби Вилијамс јавно проговори за болеста поради која морал да се откаже од сложените кореографии на неговите концерти.
Всушност, како и другите ѕвезди, и британскиот заводник освен на музиката е посветен и на танцот, но сега откри дека морал да ги поедностави танцовите чекори, откако му бил дијагностициран артритис.
– Јас имам артритис, па не можам да удирам ни топка. Тетивите се многу ослабени, а играм како пијан татко на венчавка, се пожали тој во интервју за „Евенинг Стандард“.
Тој призна дека во животот многу од тоа променил по дијагнозата, а најтешко му било да се откаже од неговата најголема љубов, фудбалот и танцот.
Пред девет години тој беше на одвикнување од кокаин, хероин и други дроги, но тој призна дека и денес се бори против нив.