Претепана полицајка во Велес


Полицајка била нападната од двајца жители на велешкото село Горно Оризари додека вршела контрола во сообраќајот.mvr policija veles mk

Полицијата соопшти дека А.К. (35) и А.К. (34), двајцата од с. Горно Оризари, ја нападнале полицајката на улицата Илинденска во Велес додека ги проверувала нивните документи. Имено едниот од двајцата жители на Горно Оризари управувал со мопед со кој направил прекршок поради кој од страна на полицајката добил наредба да запре.

На даден знак да го запре мопедот, А.К. продолжил со движење и застанал на наведената улица. Откако полициската службеничка им побарала документи, двајцата почнале да ја навредуваат, ја влечеле за униформата и ја удирале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1