Земјотрес почувствуван во Охрид, Струга и Ресен


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, вчера во 22 часот и 14 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна Република Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда 5.5 и бил почувствуван во Охрид, Струга, Ресен и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.zemjotres5466

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1