Бунт на мигрантите во Грција по смртта на Сиријка и нејзиното дете во сообраќајна несреќа


Судири избија меѓу мигрантитете и полицијата во близина на камп за бегалци во северна Грција, по автомобилската несреќа, во која беа прегазени Сиријка и нејзиното дете.migranti-zica-640x294

Мигрантите кренаа бунт, откако брзата помош повикана за да им помогне на прегазената жена и нејзиниот десетгодишен син, задоцнила и побарале од полицајците да ги одведат со полициско возило до болницата, но тие одбиле.

Мигрантите го блокираа патот надвор од кампот, фрлајќи со камења кон полицајците и запалија две патролни возила. Полицијата возвратила со солзавец.

Состојбата покрај кампот во Ореокастро веќе е нормализирана, а едно петгодишно дете е полесно повредено во судирите.

Во Грција има над 60 илјади мигранти, од кои повеќето Сиријци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1