Точно во 15.02 часот денеска регистриран е земјотрес на 138 километри североисточно од Скопје, односно на 7 километри северно од Стар Дојран.
Земјотресот бил со јачина од 3,4 степени по Рихтеровата скала и на длабочина од 2 километри.
Овој земјотрес најинтензивно е почувствуван во регионот на Дојран и во Северна Грција.