Ладнокрвно убиство во центарот на Атина- поранешен полицаец застрела сопственик на фитнес центар (ФОТО)


Пензиониран полицаец и кандидат за пратеник на Златна зора со 3 истрели од огнено оружје, застрела маж сопственик на фитнес центар.ubistvo-atina-640x426

Убиството се случи вчера во центарот на Атина кусо пред 18 часот, на помалку од 1 километар од централната зграда на грчката полиција.

Причините за убиството за сега официјално се непознати, а неофицијално, на убиецот му пречеле безбедносните камери кои сега веќе починатиот ги поставил а влезот од неговиот фитнес центар, пренесува Канал 5.Веројатно имале куса расправија, по што 60 годишниот си заминал, отишол дома, земал пиштол, се вратил и ладнокрвно со 3 истрели во глава го убил сопственикот на фитнес центарот.ubistvo-atina2

Полицијата се уште трага по убиецот, а според информациите во грчките медиуми станува збор за 60 годишен пензиониран полицаец, кој во 2012 на парламентарните избори во Грција, бил кандидат со Златна зора.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1