Четириесет и едно годишниот Д.А. од селото Фурка синоќа го загуби животот во сообраќајна несреќа која околу 23:40 часот се случила на патот Нов Дојран – Валандово, кај селото Николиќ.
Од полицијата денес информираат дека до несреќата дошло кога Д.А. управувајќи автомобил „Голф 3“ удрил во камион Сканија со полуприколка кој го управувал А.М. (61) од Стојаково.
Возачот починал на лице место, а смртта била констатирана од страна на лекар од итна медицинска помош.
На местото на несреќата извршен бил увид во присуство на јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.