Сè уште не е потврдено кој од браќата близнаци Трајковски од Ѓорче Петров настрадал во синоќешната престрелка на улицата Партизанска, во близина на поликлиниката Букурешт – Дејан или Даниел. Неофицијално, станува збор за Даниел.
Последните информации се дека повредениот е опериран и дека по операцијата се освестил, но состојбата е тешка.
Неофицијално, пукано е во Д.Т. од Ѓорче Петров, од возило во движење. Д.Т. бил ранет со три куршуми при возење, по што изгубил контрола врз своето возило (Голф 5) и се превртел неколку пати.на пукањето претходело бркотница со автомобили.
Во болница бил донесен е во полусвесна состојба, ранет. Биле направени се компјутерски снимки е извршена операција. Во Ургентниот центар има пријатели и членови на потесното семејство.
Д.Т. во возилото бил сам. На местото на несреќата се врши увид, а напаѓачот е во бегство.