Три лица исчезнати во еден ден – Меѓу нив малолетници и млада девојка


Три лица исчезнаа во ист ден. Во македонската полиција вчера стигнале пријави за двајца исчезнати малолетници и една млада девојка.Missing-Person isceznata

Во првиот случај, Р.А. директор на Јавна установа-Детски дом „11-ти Октомври“, се јавил во полициска станица и пријавил дека петнаесетгодишно девојче, корисник на домот, без одобрение на воспитувач се оддалечила во непознат правец.

Исто така, во полиција е пријавено и исчезнување на 14 годишно девојче од Домот, кое излегло и веќе не се вратило.

Истиот ден во 11 часот и 30 минути во полиција во Велес, 57-годишната Д.Ц. пријавила дека околу 10 часот и 15 минути нејзината 24-годишна ќерка Д.Д. излегла од куќата и заминала во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1