Посвоениот син на Витни Хјустон мора да плати 36 милиони долари за смртта на ќерка ѝ


Светските медиуми во септември објавија дека посвоениот син на починатата пејачка Витни Хјустон е виновен за смртта на нејзината ќерка Боби Кристина Браун.

Судот му наложи на Ник да исплати 36.250.000 долари на семејството на трагично загинатата Боби Кристина.bobi kristinaГордон, кој неофицијално беше посвоен син на Витни Хјустон, бил присутен и кога Витни се удавила во кадата, но и кога нејзината ќерка беше пронајдена онесвестена во слични околности. Инаку, Ник беше и свршен со Боби Кристина.

– Тешко е да се одреди колку чини нечиј живот. Многу фактори влијаеја на нашата пресметка. Обвинетиот мора да ги врати парите коишто ги украл од сметката на починатата, мора да ги подмири трошоците за шесмесечниот престој на Кристина во болницата, а, најголемиот дел од отштетата се однесува на душевната болка и на страдањето низ кое семејството Хјустон помина поради Гордон – објаснил судијата на Судот во Атланта, Џексон Бедфорд, пренесува „Дејли мејл“.

Ник не се појавил на рочиштето, а извор близок до него рекол дека тој и понатаму тагува за свршеницата и дека е во лоша психичка состојба.

Боби, која е единствена ќерка на Витни Хјустон, почина шест месеци откако падна во кома во јануари 2015 година. Нејзината мајка почина во 2012 година во хотелот „Беверли хилс“ пред доделувањето на наградите „Греми“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1