Адел: Повторно сум бремена! ФОТО


Британската пејачка Адел во текот на концертот објавила среќна вест. Пресреќната 28-годишна Адел го затворила сопствениот концерт во понеделникот со повикот „ќе имам ново бебе“, пишуваат светските медиуми. Со завршувањето на концертот, добитничката на „Греми“ воедно ја затворила и турнејата, а фановите и тоа како ги изненадила со приватната објава. Пејачката своето второ дете го очекува со Сајмон Конецки. Адел во понеделникот настапувала во Феникс, а потоа на крајот на концертот изговорила:adel

– Ќе се видиме подоцна! Ќе се видиме на другата страна! Ќе биде тоа неколку години, но потоа ќе се вратам и повеќе нема да можете да се ослободите од мене – викнала Адел пред илјадниците развеселени обожаватели.

Славната пејачка веќе го има четиригодишниот син Анџело кошто до неодамна ја следеше на турнеите. Сега Анџело ја бодри од дома и одвај чека мајка му да се врати.

Како што и го најави повлекувањето од сцената, тоа и го направи. Вчера Адел била забележана во сосема опуштено издание како купува производи во Беверли Хилс. Последниот час пред празникот „Ден на благодарноста“ на сите по нешто им недостасува за да се направи совршена вечера за семејството, па таков бил случајот и со Адел. Во долг фустан, со собрана коса, без шминка и со големи очила за сонце, ретко кој би ја препознал музичката дива.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1